Вистинска Македонска лозова ракија произведена од вистински Македонци, печена од вистинско висококвалитетно наливно македонско вино.

Високиот квалитет на сировите продуки—висококвалитетното и соодветно одлежено вино, како и процесот на дестилација кој ги отфрла сите ниски алкохоли, создаваат ефект кој им дозволува на нашите ракии да достигнат поголема зрелост во пократок период. Тие излегуваат пивки од самиот казан, а за три месеци ја достигаат зрелоста на 12-24 месечно бренди. На шест-до-дванаесет месеци, нашите ракии се носат со пет-годишни коњаци и скочови.

Имаат одличен вкус на собна температура, ладени, со лед, со мезе или како состојка во вашиот омилен коктел.