Petrovski Family Spirits Co. Ltd.За нас
Родени и израснати на македонските сончеви ридови, а пресадени во отворената пространост на канадските Големите езера, семејството Петровски има намера да ги одржи во живот вековните традиции на вешто уживање во свет кој постојано се менува.
Нашата мисија е производство на автентична македонска ракија направена од најквалитетно грозје, одгледувано на идеално поднебје—Македонија—како и разновидни овошни ракии направени од најквалитетно овошје, со користење на најсовремена опрема, заснована на вековната традиција и мајсторство што се пренесува од колено на колено.
Брендирањето на нашата компанија, користејќи го нашето семејно име, е наша гаранција за постојан квалитет, доследност и услуга. Брендирањето на нашите производи како Македонска ракија ја евоцира безвремената земја Македонија. Нејзината легендарна историја, нејзината култура на разновидна, но неизбежно заразна песна и танц, и нејзината подеднакво разновидна и незаборавна вкусна кујна, добри вина и ракии.
Конечно, мора да се одважи и фактот што, додека семејството Петровски е производителот на овие вкусни ракии, ние силно се наслонуваме на знаењето и мудроста кои се пренесуваат од генерација на генерација, како и убавините со кои е надарена Македонија.

Petrovski Family Spirits Co. Ltd.Клучни состојки
Македонско Вино
Зајрето е клучната компонента кон вкусот и квалитетот на секоја ракија. Затоа ние увезуваме квалитетно наливно вино и шира од еден од најдобрите вински региони на светот—Македонија—како основа за нашата лозова ракија. Додека типичната ракија се произведува од „дното на бурето“, талог и комина, нашата ракија се пече исклучиво од висококвалитетно наливно вино.
Традиција
Традицијата е најдобриот водич во животот. Виното било дел од македонскиот начин на живот уште од времето пред пишаната историја, додека ракијата станува дел од македонското секојдневие во Средниот век кога е откриен процесот на дестилација. Македонецот се запознава со виното и ракијата рано во својот живот и на природен начин се здобива со сетилото за добра и лоша ракија и вино. Ние, Македонците, пееме песни за виното и ракијата, раскажуваме приказни за нив и со нив. Искуствата се разменуваат, знаењето се пренесува од човек на човек и од колено на колено и се оформува и утврдува традицијата. А еден дел од таа традиција е иновацијата, па оттука, еден облик на дестилација на колони со земјени казани постои во Македонија со векови.
Личен Интегритет
Ги прозиведуваме и продаваме само ракиите кои заслужуваат да се најдат на нашата семејна трпеза. Ние веруваме дека секој муштерија заслужува да ужива во висококвалитетни ракии за пристани цени.