
Petrovski Family Spirit CompanyПродукти
Вештото уживање е нашиот занает!
Во Македонија ракијата е живот. Ја пиеме за живот, за здравје, за душа, за среќа, за берикет. Обично е придружена со мезе, со песна и оро. Но, може да се ужива и самостојно, доколку тоа се прави одговорно.
Ние веруваме дека ракијата, конкретно Македонската лозова ракија, припаѓа на врвот на ранг-листата на жестоки пијалаци, и наша намера тоа да го докажеме на светот!
Нашите ракии започнуваат со грижливо одберени сорти на грозје и овошје, претворени во добро одлежено вино, кои потоа се дестилираат со помош на бакарен казан кој ја спојува традицијата со современтоста и гарантира дека се зачувани само најчистите вкусови и ароми, додека сите нечистотии се отфрлаат. Нашите овошни ракии—круша, дуња, слива, кајсија, малина, цреша, јаболко и други—како и нашата винска ракија—познатата Македонска лозова ракија—се направени само со состојки од највисок квалитет, добиени од најпогодните региони во Европа и Северна Америка, кои внимателно и вешто се стареат соодветно на нивниот најоптимален вкус.
Овие ракии се скроени да ве подведат на патешествие на вашите сетила низ одговорно уживање.