Petrovski Family Spirits Co. Ltd.Дојдете, да наздравиме!
Првата и единствена македонска дестилерија во Канада е конечно во промет! Petrovski Family Spirits Co. е семејна, мало-производствена дестилерија основана во 2020 година која специјализира во производство на висококвалитетни овошни дестилати во македониски стил. Во Македонија овие сакани пијалоци се познати како ракија.
Нашите производи се достапни преку носителите на LCBO лиценца од мај 2024 година.
Поведени од желбата да го зачуваме името ракија и да ги прикажеме традициите и културното наследство во кои таа е вткаена, решивме да започнеме со производство на алкохолни дестилати во стилот на Македонија на северноамериканскиот континент. Во свет кој постојано се менува, веруваме дека најсигурниот начин за зачувување на националните традиции е преку нивна афирмација и промоција на глобалната сцена. Како што коњакот засекогаш ќе биде синоним за француската култура, скочот со шкотската, а бурбонот со американската култура, имаме за цел еден ден светот да ја идентификува лозовата ракија со македонската култура.
Не треба да си експерт да ги препознаеш чистотата и високиот квалитет на нашата ракија!
Petrovski Family Spirits Co. е првата дестилерија во Канада која произведува македонска ракија! Македонските ракии се чисти и пивки, бистри (бели) или стареени (жолти) жестоки пијалаци произведени од една состојка. Овие жестоки пијалаци, кога се правилно изработени, не содржат додадени рафинирани шеќери или други видови na вештачки ароми или адитиви. Тие имаат рамнотежа на арома и вкус која силно потсетува на овошјето од кое се направени, но сепак имаат изразено присуство на спиритка, наспроти слаткиот, киселиот или горчливиот вкус на ликерот. Ти ја загреваат душата; не ви ги горат цревата. Поттикнуваат на песна и оро не на викотници и кавги. Ви ги милуваат сетила; не ги напаѓаат.
Трите клучни состојки на Македонската лозова ракија:
- Македонско вино
- Традиција
- Личен интегритет

Petrovski Family Spirits Co. Ltd.За нас
Родени и израснати на македонските сончеви ридови, а пресадени во отворената пространост на канадските Големите езера, семејството Петровски има намера да ги одржи во живот вековните традиции на вешто уживање во свет кој постојано се менува.
Нашата мисија е производство на автентична македонска ракија направена од најквалитетно грозје, одгледувано на идеално поднебје—Македонија—како и разновидни овошни ракии направени од најквалитетно овошје, со користење на најсовремена опрема, заснована на вековната традиција и мајсторство што се пренесува од колено на колено.
Брендирањето на нашата компанија, користејќи го нашето семејно име, е наша гаранција за постојан квалитет, доследност и услуга. Брендирањето на нашите производи како Македонска ракија ја евоцира безвремената земја Македонија. Нејзината легендарна историја, нејзината култура на разновидна, но неизбежно заразна песна и танц, и нејзината подеднакво разновидна и незаборавна вкусна кујна, добри вина и ракии.
Конечно, мора да се одважи и фактот што, додека семејството Петровски е производителот на овие вкусни ракии, ние силно се наслонуваме на знаењето и мудроста кои се пренесуваат од генерација на генерација, како и убавините со кои е надарена Македонија.

Вести
Во моментов нашите производи се достапни само преку носителите на LCBO лиценци како и носителите на Special Occasion’s Permits. Сите носители на вакви лиценци се добредојдени да не контактираат. Истовремено, доколку сакате да ги видите нашите ракии во вашите омилени локали, спомнете им ги на управниците на истите.